Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев се соочува со проблеми пред стартот на новата сезона. Откако Ренова е пред откажување на настап во елитата, истото може да се случи и со Академија Пандев, која е во сериозни финансиски проблеми па поради тоа се размислува и за отстапување на прволигашката лиценца на постариот струмички ‘брат’ Беласица.
Од струмичкиот тим размислуваат за повлекување од лигата поради финансиски проблеми поради кои голем дел од првотимците го напуштија клубот. Сепак, „пандевци“ ќе играат во Конференциската лига, а дел од средставата кои ќе ги добијат за учество ќе ги искористат како би можеле финансиски да се средат за следната сезона и тоа заеднички со Беласица која би настапувала под тоа име во Првата македонска фудбалска лига.
Академија Пандев ќе згасне како клуб а во Првата лига би ја дала лиценцата на Беласица во која би продолжиле дел од актуелните фудбалери на клубот.
За потсетување Академија Пандев е сопственост на еден од најдобрите македонски фудбалери, Горан Пандев кој го формираше овој клуб во 2010 година. Но, поради финансиските проблеми сега идејата е да се поделат трошоците со традиционално пореномираната Беласица која би продолжила во Првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА