И Алегри е кандидат за тренерската клупа на Манчестер јунајтед!?

Оле Гунар Солскјер запиша две победи веднаш откако ја презеде клупата на Манчестер јунајтед. Победничката атмосфера се врати во тимот, но медиумите и натаму на големо шпекулираат околу името кое треба од јуни да биде нов менаџер на клубот со повеќегодишен договор.

Солскјер, како што е познато, има договор само до крајот на сезоната, со можност за продолжување на истиот. Дали ќе се случи тоа останува да се види, затоа што челниците на Јунајтед имаат неколку желби што се однесува до менаџерската функција.

Прв на листата желби е Маурицио Покетино, а англиските медиуми наведуваат дека сериозна можност е и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри.

Алегри има одлична сезона со Јувентус, па тешко е да се верува дека ќе го напушти клубот. Но, од Јунајтед наводно се подготвени за моќен финансики договор кој би го однел на „Олд трафорд“.

Се вчитува...