Еден од најдобрите чилеански фудбалери на сите времиња, Алексис Санчез е новиот суперстар кој кариерата најверојатно ќе ја продолжи во шампионатот на Саудиска Арабија, пренесуваат италијанските медиуми.
Санчез кој во моментов е член на Интер во јануарскиот преоден рок ќе биде на мета на саудиските Ал Етифак и Ал Шабаб.
Чилеанецот сезонава го има својот втор мандат во Интер, откако претходно во дресот на тимот од „Џузепе Меаца“ беше и во периодот од 2020 до 2022 година. Тој во кариерата настапуваше и за: Олимпик Марсеј, Манчестер јунајтед, Арсенал, Удинезе, Барселона, Коло Коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА