Новиот суперлигаш Алкалоид е последниот потврден учесник на Струшкиот турнир кој годинава од 16. до 20. август ќе се одржи на „Женска плажа“ во Струга.
Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и домашната Струга се другите три домашни претставници, а гости од странство ќе бидат екипите на Целје Пивоварна Лашко, Татран Прешов и грчкиот вице-шампион АЕК Атина.
Турнирот во Струга го одбележува 50. издание и спаѓа во редот на турнирите со најдолга традиција не само на Балканот туку и во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

