Сите големи финалиња во англискиот фудбал се играат на Вембли. Па така, во недела го гледавме финалето на Лига купот помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, подоцна оваа година финалето на ЕФЛ Трофејот, финалето на плејофот од петтата, четвртата, третата и втората дивизија и финалето на ФА Купот ќе се играат таму.
Но, еден натпревар на почетокот на следната сезона нема да се игра на исконскиот англиски стадион.
Англиската фудбалска асоцијација (ФА) одлучи дека Комјунити Шилд, англискиот Суперкуп, ќе се игра на стадионот Милениум. Тоа eе стадиони што може да прими малку повеќе од 70.000 навивачи, што е помалку од Вембли, кој може да собере до 90.000 илјади.
Натпреварот помеѓу победникот на Премиерлигата и победникот на ФА Купот или второпласираниот од Премиерлигата ќе се игра на 16 август. Нема да биде прв пат Комјунити Шилд да се игра на стадион различен од Вембли. Во 2022 година, Ливерпул го победи Манчестер Сити со 3-1 на стадионот „Кинг Пауер“, а од 2001 до 2006 година, стадионот во Кардиф беше домаќин на сите финалиња на англиските првенства.
Причината за ова беше изградбата на новиот Вембли, а сега Кардиф се вклучува бидејќи концертот на американскиот пејач „The Weeknd“ е закажан за 15 и 16 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

