И Англичаните со Македонците во заедничка македонска забава среде Манчестер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 20 часот и 45 минути на „Олд Трафорд“ силите ќе си ги одмери со Англија во третиот квалификациски натпревар за Евро 2024. Избраниците на Благоја Милевски за средбата против „Гордиот албион“ ќе имаат и поддршка од голем број македонски навивачи кои денеска го обоија градот во „црвено-жолто“.

А, на распеаните Македонци им се приклучија и Англичани за заедничка дружба пред натпреварот на кој Македонија ќе бара големо изненадување.

 

Се вчитува...