Мохамед Салах го навлече бесот на фудбалската јавност со непрофесионалното однесување и критиките по дуелот со Лидс на кој асот на Ливерпул воопшто не влезе во игра.
„Црвените“ го казнија со тоа што воопшто не патуваше со тимот за Милано, ќе следи и парична санкција, а во меѓувреме се поголем е бројот на фудбалски великани кои го критикуваат однесувањето на египетскиот интернационалец.
„И јас имав проблеми со Венгер, имав и со Гвардиола во Барселона, па дали сте ме слушнале да зборувам за тоа во јавноста? Никогаш! Затоа што го штитев клубот и тоа секогаш треба да е случај, кога играте за некој клуб, морате да го штитите по секоја цена, без разлика што се случува внатре, со соиграчите, со тренерот, со персоналот… Можеш да бидеш лут, исфрустриран, но не можеш да излезеш со таква изјава во јавноста, особено во период кога клубот минува низ така тешки моменти. Искрено, го разбирам Мо, неговото его и фрустрациите, лани даде 38 гола, сега е на клупата, но ова е момент кога треба да го ставиш пред твоите лични чувства, а тој не го стори тоа“, критичен е Анри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

