Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига Воска Спорт продолжува со составувањето на тимот за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ.
Откако претходно денеска македонскиот прволигаш го претстаи искусниот голман Костадин Захов за ново засилување, од охридскиот тим сега се пофалија и со потписот на Ардит Илјази.
Последен ангажман Илјази имаше во албанска Теута, а во кариерата настапуваше и за: Ерзени од Албанија, Шкупи и Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА