И Аргентина го објави списокот за Катар – Може ли Лео во својот „последен танц“ да стане бесмртен

Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Скалони го објави списокот од 26 фудбалери на кои ќе смета на Светското првенство кое на 20. ноември почнува во Катар.

Лионел Меси ќе го има својот „последен танц“ во дресот на „гаучосите“ и последна шанса да стигне до трофејот со кој и дефинитивно ќе стане бесмртен и без никакви дилеми ќе биде најдобриот фудбалер во историјата.

Аргентина на Мундијалот во Катар се наоѓа во групата Ц заедно со Полска, Мексико и Саудиска Арабија.

Се вчитува...