И Аргентинците ги одложија натпреварите поради смртта на папата Франциск

Фудбалската федерација на Аргентина ги одложи сите натпревари, по повод смртта на папата Франциск, кој беше голем фудбалски навивач и жесток навивач на Сан Лоренцо од Буенос Аирес. Исто така, натпреварите во текот на оваа недела ќе започнат со едноминутно молчење.

„Аргентинскиот фудбал се збогува од вас опкружен со длабока тага“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Аргентина. 

Во соопштението се нагласува дека Франциск не бил само духовна референца, туку и фудбалска референца и дека се сретнал со играчи, лидери и фудбалски легенди, како што се капитенот на аргентинската репрезентација Лионел Меси и Диего Армандо Марадона.

Забележано е и дека папата, кој е роден во Буенос Аирес во 1936 година, а почина вчера на 89-годишна возраст, „никогаш не ја криел својата страст за фудбалот и својата безусловна љубов кон Сан Лоренцо..

Аргентинскиот фудбалски тим Сан Лоренцо му оддаде почит на поглаварот на Римокатоличката црква, истакнувајќи дека „тој секогаш беше еден од нас“.

Се вчитува...