И Атлетико Мадрид успешно ја мина првата пречка во „Купот на кралот“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид успешно ја минаа првата пречка во „Купот на кралот“ откако денеска во 1/16 финалето славеа на гостувањето кај Депортиво Балеарски острови со 2-3.

Водство од 0-1 за гостите донесе Гризман во 16. минута, а само четири минути подоцна беше и 0-2 со погодокот на Распадори. До крајот на првиот дел домаќините намалија на 1-2 преку Боне во 28. минута.

Ново водство од два гола за „јорганџиите“ донесе Гризман со својот втор гол во 72. минута (1-3), додека до крајот домаќините постигнаа само почесен погодок (2-3) преку Кеита од пенал во 90. минута.

Baleares 1 – [3] Atletico Madrid – Antoine Griezmann 72'
byu/BackgroundMorning630 insoccer

 

Се вчитува...