Пред продолжението на првенството во Првата македонска фудбалска лига, Брегалница со засилување и на средниот ред.
Како свое ново име „сините“ официјално го промовираа и младиот Австралиец со македонско потекло, Зак Кочанковски. 20-годшниот Кочанковски ќе биде освежување за средниот ред од составот на Горан Здравков.
Кочанковски доаѓа од екипата на Вестерн јунајтед од А-лигата на Австралија каде настапуваше изминативе две сезони.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

