И Австралија може да остане без селектор по Мундијалот во Катар

Репрезентација на Аргентина вчера стави крај на австралиската репрезентација за нешто повеќе од 1/8 финале на Мундијалот во Катар. Австралија се прости од Катар со добра игра, а во судиското надополнување може да ги шокираат Меси и другарите и да изборат продолженија.

Сега селекторската функција виси во воздух, откако Грем Арнолд нема повеќе договор, и не е познато дали ќе го продолжи истиот, и покрај тоа што од федерацијата се задоволни од неговата работа.

„Овој тим предводен од Грем Арнолд, беспрекорно ја претствуваше Австралија во Катар. Патот до квалификациите за овогодинешното Светско првенство беше голем предизвик за нас и ние сме неверојатно горди“, рече претседателот на австралиската федерација Крис Нику.

„Не знам што е мојата иднина. Мојот договор истече, сега одам на одмор, па после ќе видиме“, рече Арнолд.

Се вчитува...