И минхенски Баерн конечно стигна до триумф во Бундеслигата. По претходните три дуели без победа во германскиот шампионат, Баерн Минхен славеше на гостувањето против Вердер во 13. коло благодарение на двата погодоци на Серж Гнабри.
Првиот гол Гнабри го постигна во 20. минута, а откако домашните израмнија преку Осако во 33. минута потоа следеше во 50. минута вториот гол на Гнабри за конечна победа на Баерн Минхен од 1-2.
Лидерот Борусија Дортмунд, пак, дојде до триумф од 2-0 против Фрајбург. Стрелец на првиот гол за „милионерите“ беше Марко Ројс од пенал во 40. минута, а конечните 2-0 ги постави Алкасер во 91. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 13. КОЛО
Борусија Д. – Фрајбург 1-0
Хановер – Херта 0-2
Штутгарт – Аугсбург 1-0
Вердер – Баерн Минхен 1-2
Хофенхајм – Шалке 04 (18:30 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА