ЕКИПА во Рига, Летонија
Владимир Булатовиќ
Покрај отсуствата на Дарко Чурлинов и Александар Трајковски поради повреди, како и Никола Серафимов и Ѓоко Зајков поради жолти картони, и капитенот Енис Барди изминативе денови работеше со намален интензитет поради мали здравствени проблеми.
Сепак, за среќа, фудбалерот на Трабзонспор е подготвен за утрешниот натпревар со Летонија, како што самиот вели, секогаш со максимален фокус кога е во прашање настапот за македонската репрезентација.
„Да, имав мали здравствени проблеми со настинка но помина сето тоа, и сега сум максимално подготвен. Всушност не се поставува прашањето колку сте подготвени кога играте во дресот на репрезентацијата. Сите сме максимално подготвени што сме тука“ – вели Барди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА