Енис Барди, Стефан Спировски и Елиф Елмас се добитници на најзначајните три признанија од Фудбалската федерација на Македонија во изборот на најдобрите за сезоната 2016/2017.
Спировски кој се избори за признанието најдобар фудбалер на Македонија со игрите во дресот на Вардар, Барди како најдобар македонски интернационалец и Елиф Елмас како најдобар млад фудбалер, ќе бидат присутни во недела (3. декември) во Македонскиот народен театар на церемонијата на прогласувањето на најдобрите од ФФМ. Со сигурност е потврдено присуството на Енис Барди, кој денеска има натпревар за Леванте, по што доаѓа во Скопје, како и на Елиф Елмас, а се очекува доаѓањето и на Спировски по утрешниот натпревар во дресот на унгарскиот Ференцварош.
Тренер на сезоната 2016/2017 е Гоце Седлоски кој со Вардар стигна до шампионската титула во Македонија, а најдобар тренер во младински категории Горан Станковски, актуелниот стратег на Работнички.
Признанието за фудбалски работник на годината ќе го добие Илија Матеничаров, а специјални признанија ќе добијат Вујадин Станојковиќ (селектор на Македонија до 19 години) и Горан Станиќ (селектор на Македонија до 17 години) како и фудбалерите од селекциите до 17 и до 19 години кои изборија пласман во елитните квалификации на УЕФА за пласман на ЕП.
НАЈДОБРИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ ЗА СЕЗОНАТА 2016/2017
Најдобар фудбалер: Стефан Спировски (Вардар)Најдобар интернационалец: Енис Барди (Леванте, Шпанија)Најдобар тренер: Гоце Седлоски (Вардар)
Најдобар стрелец: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Најдобар млад фудбалер: Елиф Елмас (Фенербахче, Турција)
Најдобар тренер во младински категории: Горан Станковски (Работнички)
Фудбалски работник на 2017 година: Илија Матеничаров (Академија Пандев)
Специјални признанија за Вујадин Станојковиќ (селектор на Македонија до 19 години) и Горан Станиќ (селектор на Македонија до 17 години) и за репрезентативците од селекциите до 17 и до 19 години кои изборија пласман во елитните квалификации на УЕФА за пласман на ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА