Шпанскиот гигант Барселона се вклучува во трката за одличниот играч за врска на Тотенхем, Деле Али, откриваат медиумите на Островот. По Реал Мадрид, кој по традиција има успешна соработка со Тотенхем при ангажманот на фудбалерите од „Вајт Харт Лејн“, сега и лутиот ривал Барселона е подготвен во летниот преоден рок да наддава за да го доведе на „Камп Ноу“.
Деле Али има одлична сезона во Премиер – лигата, веќе е стандарден репрезентативец на Англија, а поседува и врвна техника, со која би можел без проблем да се вклопи во Примера дивизион. Сепак, Тотенхем нема така лесно да се откаже од неговите услуги и најавите велат дека ќе бара 80 милиони евра за негова продажба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА