Американскиот кошаркар Џабари Паркер е на прагот да ја официјализира соработката со шпанскиот шампион Барселона, пренесува шпански Мундо Депортиво. Станува збор за 28-годишен кошаркар на кој му предвидуваа блескава НБА кариера, но бројните тешки повреди го oддалечија од поголеми успеси во најсилната светска кошаркарска лига.
Не се наведува колку ќе трае соработката меѓу Каталонците и 201 caнтиметар високиот Паркер, како и финансиските детали од договорот. Станува збор за играч кој најдобро се снаоѓа на позициите три и четири, што го прави идеален наследник на Никола Миротиќ.
Паркер своевремено беше втор пик на НБА-драфтот, тој сега требаше да биде на врвот на својата кошаркарска моќ, но неговата историја на повреди, првенствено на колената, предизвика тој да не може да најде ангажман во НБА. Својот последен натпревар Паркер го одигра во јануари 2022 година, кога го носеше дресот на Бостон Селтикс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА