Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ го забележаа и вториот пораз на стартот на новата сезона откако во мечот за пласман во ВТБ суперкупот загубија од турски Бешикташ со 68-75.
Уникс подобро го отвори натпреварот и по првите десет минути имаше предност од 20-17. Турците одлично возвратија во вториот период па на пауза успеаја да заминат со позитива од 35-37.
Во вториот дел клубот од Истанбул одигра на повисоко ниво од Русите и на крајот стигна до заслужен триумф од 68-75.
Ненад Димитријевиќ имаше солидна партија завршувајќи го мечот со седум поени, но и осум асистенции. Кај победникот најефикасен беше Дерек Нидам со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА