И Бобан Николов се враќа во Вардар, доаѓа и Аргентинецот Торес

Вардар во своите редови ќе добие уште еден повратник после Дарко Велковски. Станува збор за Бобан Николов, кој што од среда се приклучува на клубот. Поранешниот репрезентативец беше дел од „црвено-црните“ од 2015 до 2018 година, а потоа играше во Мол Фехервар, Лече, Шериф, ФЦСБ, Кишварда, Борац Бања Лука.

Тој веќе утре ќе треба да земе раскин на договорот со Виторул, и ќе се приклучи на „црвено-црните“ кога ќе се вратат од подготовките од Анталија. Оваа вест е потврдена и од раководството на „црвено-црните“.

Николов има и репрезентативно искуство со 48 натпревари зад себе, а со Шериф играше и во групната фаза во Лигата на шампионите. Ќе треба во Вардар да донесе дополнително искуство во средниот ред.

Во Вардар доаѓа и аргентинскиот интернационалец Хоакин Торес. Станува збор за играч кој настапува на крилната позиција, и доаѓа од Амазонас. Претходно бил дел од Филаделфија Унион, од Њуелс Олд Бојс, од Волос, Монтреал и Универсидад Католика. Тој беше најавен како можно засилување на „црвено-црните“, но ја одби првата понуда. Меѓутоа Вардарци беа упорни и успеаја да го ангажираат.

Се вчитува...