Македонскиот селектор Благоја Милевски го одработи првиот тренинг по пристигнување во Скопје а низ подготовката за финалниот натпревар против Португалија во баражот за СП 2022.
Милевски се впушти во ритам со репрезентативците и покажа дека и тоа како е и во играчка форма, добро „раздрмувајќи“ ги своите пулени.
Националниот тим и утре во претпладневните часови ќе одработи уште еден тренинг, кој ќе биде од затворен тип, а потоа од 17:30 часот со чартер лет заминува за Порто каде на 29. март од 20:45 часот ја очекува дуелот со Португалците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА