По Лајпциг, тимот на Борусија Дортмунд е вториот фаворит што вечерва е елиминиран во осминафиналето од Купот на Германија, откако „милионерите“ загубија со 3-2 на гостувањето против Вердер.
Пресудно се покажа првото полувреме, во кое Вердер одигра подобро од гостите и поведе со 2-0. Борусија намали преку Брант, но Рашица ја врати предноста од два гола за тимот од Бремен. Младиот Реина постигна еврогол за паметење намалувајќи на 3-2, а при овој резултат Санчо и Халанд не искористија одлични шанси да го израмнат резултатот и да го одведат мечот во продолженија.
Во последната акција се закани и гостинскиот голман Хикс, кој скокна највисоко по еден корнер во противничкиот шеснаесетник, но неговиот удар со глава беше за малку непрецизен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА