И Ботас го продолжи договорот со Мерцедес

Валтери Ботас ќе му биде партнер на Луис Хамилтон во Мерцедес и во 2019 година. Германскиот тим објави дека го продолжил договорот со финскиот пилот за една година со дополнителна можност за уште една.

„Перформансите на Ботас се одлични. Да не беа нашите грешки и лошата среќа, тој можеше да го предводи генералниот поредок“ – изјави шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Ботас импресионираше со изданијата на трките во Кина, Азербејџан и во Австрија. Во Шангај беше лидер пред безбедносното возило да го промени текот на трката, па Даниел Рикиардо успеа да триумфира поради променетите гуми што не беше опција за Ботас.

 

Се вчитува...