И братот на Ѓоковиќ, заедно со сопругата, спасувале глава во Дубаи (ВИДЕО)

И братот на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе, заедно со неговата сопруга спасувале „жива глава“ по нападите во Дубаи од страна на Иран, пренесуваат српските медиуми.

Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на Новак, заедно со неговата сопруга веќе една година живеат во Дубаи, а по нападите на Иран на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), итно морале да ја напуштат зградата во која живеат.

Иран лансираше ракети во повеќе држави во Персискиот Залев, како одговор на нападите од САД и Израел на нивната земја.

Според последните информации, погодени се и неколку хотели во Дубаи, причинета е материјална штета, а локалните медиуми јавуваат и за жртви.

Се вчитува...