И Брегалница почна: Здравков со прва прозивка за зимските подготовки (ФОТО)

И Брегалница ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Тренерот Горан Здравков денес „прозиваше“ на градскиот стадион во Штип.

На првиот тренинг беа речиси сите фудбалери од првиот тим и неколку младинци. Штипјани најавуваат дека наредниот период ќе следат дополнителни информации за планираните засилувања на тимот…

Се вчитува...