Во битката за директен опстанок, и АП Брера и Беса имаат водство по првиот дел над Работнички, односно над Пелистер. АП Брера води со 2-1 над „романтичарите“ на свој терен, додека тимот од Добридол има предност на тешкото гостување во Битола.
Во Битола, пак, Беса има предност со головите на Алими и на Селмани. Ако остане вака, тогаш Беса ќе мора преку баражот да брка опстанок, додека Брера опстанува.
Во Струмица, Ндзенгуе во 15. минута и Велков во 28. минута ја донесоа Брера до 2-0, а намали Лазаревиќ со прекрасен гол од 23-24 метри.
На другите натпревари, Тиквеш и Струга ТЛ е 2-3. Силекс има предност во Тетово со 0-2 со двата гола на Марко Ѓорѓиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

