И Брест му одзема бодови на Лил

Серијата на Лил без триумф во француското првенство се искачи на шест натпревари во низа по денешниот натпревар од 22. коло со Брест кој заврши со реми од 1-1.

Головите на средбата беа постигнати во второто полувреме. Прв поведе Брест преку Лабу кој ја затресе мрежата во 58. минута, а изаедначувањето го донесе Перин во 71. минута.

Со новото реми Лил се врати на петтата позиција на табелата со 34 освоени бодови, додека Брест со 27 останува на 12. позиција.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...