Британскиот олимписки комитет ќе се приклучи на Канада и на Австралија кои донесоа одлуки да не ги испраќаат своите спортисти на Летните олимписки игри во Токио ако тие се одржат претстојново лето. Британците ќе бараат одложување за летото 2021 година. Највисоките спортски институции во Велика Британија одржале состанок на кој одлучиле да испратат барање за нов термин за Игрите.
Интернационалниот олимписки комитет извесно е дека ќе донесе токму таква одлука, за одложување и наверојатно за следното лето со оглед на тоа што повиците да нема Игри оваа година поради проблемите со коронавирусот се се погласни и доаѓаат од сите страни.
Неофицијално, членови на Извршниот борд на ИОК потврдуваат дека е решено да има одложување. Последен бастион на одбрана на термнот од 24.јули до 9. август годинава е домаќинот Токио и јапонската влада, но јасно е дека и тие ќе попуштат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА