И легендарниот Сергеј Бубка е воодушевен од шведскиот тинејџер Арманд Дуплантис кој приреди вистинска сензација на ЕП во Берлин стигнувајќи до златниот медал во скок со стап.
Дуплантис иако со само 18 години до златото стигна со скок од 6,05 метри што е нов светски јуниорски рекорд. Овој скок на младиот Швеѓанец беше и нов рекорд на европските првенства, наспроти досегашниот 6,00 од пред 24 години.
„Дуплантис дали си ти човек, или што си…?“ – напиша Бубка на социјалните мрежи воодушевен од настапот на младиот Швеѓанец…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА