И четврта сензација на Вимблдон: Испадна и финалистот од пред четири години

Италијанскиот тенисер Матео Беретини е елиминиран во првото коло на овогодинешниот Вимблдон. Камил Мајшак, моментално 109-ти во светот, беше подобар од него по пет сета. Полјакот победи со 4-6, 6-2, 6-4, 5-7, 6-3 по повеќе од три часа игра.

Така, по елиминацијата на Данил Медведев, Стефанос Циципас и Холгер Руне, четвртата сензација ги затекна посетителите на првиот ден од третиот грандслем во сезоната.

Инаку, Беретини е финалист на Вимблдон од 2021 година кога беше поразен од Новак Ѓоковиќ во мечот за титулата.

Итан Квин ќе биде ривал на Мајшак во борбата за третото коло.

Се вчитува...