И да добие отказ од Манчестер Јунајтед, Тен Хаг нема долго да остане без ангажман

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг до Нова година би можел да биде поранешен тренер на Манчестер Јунајтед со оглед на катастрофалните резултати кои ги бележи овој славен англиски клуб и срамот кој го доживеа во овогодинешното издание на Лигата на Шампионите каде во конкуренција со Копенхаген, Галатасарај и Баерн Минхен заврши последен во групната фаза.

Но, и доколку дојде до отказ 53-годишниот стратег нема долго да биде без ангажман. Според легендарниот норвешки фудбалер и новинар Јан Аге Фјортофт, Ерик тен Хаг веднаш ќе биде именуван за нов тренер на Борусија Дортмунд.

И покрај тоа што германскиот тим ја мина „групата на смртта“ во Лигата на Шампионите, раководството на тимот не е задоволно од резултатите кои ги бележи Един Терзиќ во домашното првенство па се очекува промена на тренерската позиција.

Во полза на Холанѓанецот е поранешната соработка со советникот на Борусија Дортмунд, Матијас Самер во редовите на Баерн Минхен пред десет години.

Се вчитува...