„И да ја освои ЛШ сезоната на Интер ќе биде неуспешна, и Ди Матео и Мурињо со паркиран автобус го освоија трофејот“

Поранешниот италијански репрезентативец, контроверзниот Антонио Касано, ја коментираше сезоната на Интер, во која тимот успеа да избори за влез во финалето во Лигата на шампионите после елиминацијата на Барселона.

Екс напаѓачот на Милан, Рома, Реал Мадрид, истакна дека и да го освои трофејот, сезоната на „нероазурите“ ќе биде неуспешна поради тоа што ја загуби титулата во Серија „А“.

„Дури и ако навистна ја освојат ЛШ, сезоната може да биде прогласена како лоша. Како навивач се надевам дека ќе ја освојат ЛШ, но ќе биде неуспех и тоа да се случи. Интер е убедливо најсилниот тим во Италија, но не успеа да освои три титули во последните четири години. Ги „фрли“ во тоалет. Дури и Ди Матео и Мурињо кои паркираа автобус пред голот ја освоија Лигата на шампионите“, рече Касано.

Се вчитува...