Два дена откако Франција остана без Лука Карабатиќ до крајот на мунијалот со сериозен проблем се соочи и олимпискиот првак Данска. Мадс Менсах Ларсен се повреди при загревањето пред претходниот дуел со Египет, а лекарските прегледи донесоа и лоша вест за селекторот Гудмундсон.
„Станува збор за повреда на стомачните мускули. Очигледно е дека тој ќе мора да мирува извесен период, не ја исклучуваме можноста во доцната фаза од првенството да го вратиме, иако реално гледано шансите за такво нешто не се големи. во меѓувреме, на местото на Менсах Ларсен во тимот го вклучивме Никлас Киркелоке“ – изјави селекторот на данската репрезентација.
Олимписките шампиони славеа на првите две средби во својата група, а вечерва го играат дербито во Париз против селекцијата на Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА