Тоа што навивачите на Партизан со нетрпение го очекуваа конечно потврдено денеска. Партизан и Жељко Обрадовиќ постигнаа договор за продолжување на меѓусебната соработка!
По серија разговори изминатиов период, Партизан денеска се очекува и официјално да потврди дека Обрадовиќ останува во клубот!
Како што е познато, Жељко Обрадовиќ на спектакуларен начин дојде во клубот во 2021 година потпишувајќи тригодишна соработка. Сега истата е продолжена за нови две години, информација која претседателот на клубот, Остоја Мијаиловиќ треба официјално да ја потврди на прес-конференцијата која вонредно е закажана за денеска од 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА