Репрезентацијата на Црна Гора и дефинитивно ќе биде без ракометарот на Вардар, Вуко Борозан на престојното Европско првенство во Хрватска, објавија црногорските медиуми.
Борозан, како што е познато, заработи повреда во сообраќајна несреќа веднаш по свеченоста кога беше прогласен за најдобар спортист на годината во Црна Гора. Долго се очекуваше дека, сепак, ќе може да се стави на располагање на селекторот Драган Ѓукиќ, но според последните информации и дефинитивно нема да може да настапи.
Првиот натпревар на Европското првенство Црногорците го играат на 13. јануари против Германија, а на 15. јануари во Загреб е пресметката со Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА