И последниот македонски репрезентативец претставник на „Белградски победник 2019“, Џан Демиров загуби на престижниот меѓународен боксерски турнир кој се одржува во Белград, Србија.
Демиров во категоријата до 52 килограми загуби од Иштван Шака од Унгарија. Македонскиот боксер беше поразен во втората рунда по одбројување на судијата во рингот. Со ова завршија настапите на македонските боксери во Белград.
Следна активност на Боксерската федерација на Македонија е настапот на кадетската репрезентација на Европското првенство во Галати, Романија од 22. мај до 2. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА