По своите машки колеги кои во Битола дојдоа до трофејот, и девојките на МЗТ Скопје ќе бркаат трофеј во Купот на Македонија, откако во втората полуфинална пресметка славеа во драматична завршница против Вардар со 64-69.
Натпревар со две сосема различни воведни четвртини. Првата им припадна на кошаркарките на Вардар, а втората на МЗТ со што на полувреме се замина со 29-32 во корист на МЗТ Скопје.
Во второто полувреме се играше максимално израмнето, за да се дојде до крајно неизвесна завршница во која кошаркарките на МЗТ беа поконцентрирани, за на крај заслужена победа.
Марија Митева го предводеше МЗТ до победата со 22 поени, пет скока и четири асистенции, а Томас заврши со 19 поени. Кај Вардар се издвоија Марија Димитријевиќ со 18 поени, пет скока и пет асистенции, а Матиеу запиша 20 поени.
Во утрешното финале, МЗТ Скопје ќе игра со тимот на Баскет Кам кој претходно во првото полуфинале убедливо славеше против екипата на Крива Паланка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА