И Џани Алиоски на списокот на „омразени личности“ на скандалозниот англиски судија Кут

Продолжуваат проблемите на англискиот судија Дејвит Кут, а овој пат во центарот на скандалот се најде и нашиот репрезентативец Езгијан Алиоаски.

Истраги отворија Англиската фудбалска федерација, Европската фудбалска унија и Здружението на професионални судии, а на се тоа стигна и обвинение за заговор со навивач да покаже жолт картон на натпревар од Чемпионшип.

Британските медиуми пренесуваат дека Кут во 2019 година разменил неколку пораки со навивач во кои разговарал за давање жолт картон на мечот меѓу Лидс и Вест Бромвич Албион, поточно на македонскиот репрезентативец и тогашен член на Лидс, Езгијан Алиоск.

Исто така, се додава дека нема индикации дека судијата имал некаков финансиски бенефит од ова и дека на крајот картичката била правилно доделена. Но, само сомнежот беше доволен за ФА да започне нова истрага. И тоа, како што се наведува – по итна постапка.

Се вчитува...