Селекторот Боби Милевски изминативе два дена конечно ги реализира подготовките со сите предвидени расположиви сили за јунскиот собир од квалификациите за ЕП 2024
На тренинзите од вчера и Езгијан Алиоски кој последен се приклучи на националниот тим поради финалето од Купот на Турција со Фенербахче.
Само три дена во полниот состав викнати репрезентативци, со исклучок на веќе отпаднатите поради повреди Бојан Миовски, Дарко Чурлинов и Валон Етеми, ќе има стручниот штаб време за комбинаторики околу изборот на стартниот состав за дуелот со Украина кој се игра во петок (16. јуни) од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Веќе е јасно во голема мера кој би бил почетниот состав ако се знае дека изборот е генерално повторно на оние стандардните репрезентативци кои го понесоа товарот на националниот тим и на дуелите против Малта и Фарските острови во март месец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА