И Димевски и Наумоски во Самоков за Блокотехна… (ФОТО)

Блокотехна игра полуфинале од БИБЛ-лигата против Левски Лукоил, а тимот од Гевгелија од свечената ложа има поддршка од поранешниот и актуелниот претседател на МКФ, Даниел Димевски и Петар Наумоски.

И двајцата допатуваа во Самоков денеска и го следат мечот крај првиот човек на БИБЛ, Шај Стрикс.

Димевски беше гостин и на мечот од АБА меѓу Цибона и МЗТ Скопје во Загреб, како почеток на кампањата на Дамјановски за претседател на МКФ, што се покажа како неуспешна. Дали присуството во Самоков е најава за нова кампања и подготовки за уште едно Вонредно собрание на МКФ, за кои Наумоски досега се покажа како „експерт“, останува да се види во периодот што следи.

 

Се вчитува...