Кога би се делел фудбалски Оскар, и дефинитивно Нејмар би бил најголемиот фаворит за оваа награда. Можеби докрај никогаш не го искажа својот фудбалски потенцијал во ПСЖ, но и тоа како го искажа оној глумачкиот.
Тоа го покажа и вчера на дуелот во Купот против Олимпик Марсеј, кога неговиот тим беше исфрлен од натпреварувањето.
Нејмар речиси и да не се виде, а во еден момент играч на Олимпик со минимален конктакт му ја одзеде топката, по што Бразилецот легна да се валка на теренот. Се фати за зглобот со болна кримања, и дигаше рака барајќи помош. Мешутоа кога ПСЖ успеа да ја освои топката, како ништо да не се случило, Нејмар „магично оздраве“, стана од тревата и направи спринт.
C’est quoi ça ? 🤣🤣🤣🤣 https://t.co/9wWVOPjdn4 pic.twitter.com/R1ZNQBWOzI
— Le M. (@Kulusexy) February 8, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА