Далас пред своите навивачи славееше против Минесота со 121-114 во еден од синоќешните десет натпревари од НБА лигата, во кој изостана спектакуларниот ефект од Лука Дончиќ, на кој самиот ја навикна светската кошаркарска јавност.
Словенецот првпат по подолго време не беше најефикасен во својот тим, завршувајќи го мечот со 22 поени, седум асистенции и шест скокови. Двајт Пауел мечот го заврши со 24 поени а Кристапс Порзингис запиша 19 поени.
ЛА Лејкерси ја имаат најдолгата победничка низа на стартот на една сезона во последниве десет години, овој пат славејќи против Јута со 121-96. Ова за Лејкерси е најдобар старт на сезоната уште од 2008/2009 кога беа предводени од Коби Брајант.
Ентони Дејвис постигна 26 поени, а Леброн Џејмс го следеше со 20 поени и 12 асистенции. „Дабл-дабл“ ефект имаше и Рондо со 14 поени, 12 асистенции и 9 скока. Кај Јута најдобар беше Донован Мичел со 29 постигнати поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Милвоки 103-127
Шарлот – Голден Стејт 106-91
Орландо – Феникс 128-114
Атланта – Бруклин 118-130
Бостон – Мајами 112-93
Чикаго – Мемфис 106-99
Оклахома – Индијана 100-107
Далас – Минесота 121-114
Јута – Лејкерси 96-121
Портланд – Сакраменто 127-116
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

