На претстојната трка во Формула 1 за ГН на Азербејџан што ќе се вози в недела во Баку, казна на стартот ќе трпи не само Фернандо Алонсо, туку и неговиот тимски колега, Стофл Вандорн.Поради измени на моторите, двајцата возачи на Мекларен на трката ќе стартуваат 15 места поназад од пласманот што ќе го изборат во саботните квалификации.
Проблемите на Мекларен со моторите на Хонда сезонава се веќе редовна состојба на секоја трка. Сега, од јапонскиот производител подготвиле нов дел со кој се надеваат дека ќе ги поправат работите. А се очекува да се поправат и резултатите на Алонсо и на Вандорн со новите турбокомпресори на болидите.
„Ќе се потрудиме да направиме се што е возможно, можеби со малку поголем фокус на натпреварувачкото темпо. Најверојатно ќе стартуваме од крајот на колоната на неделната трка“ – изјави Стофл Вандорн.
Трката за ГН на Азербејџан е осма во Ф1 шампионатот. Во првите седум трки, возачите на Мекларен нема освоено ниеден бод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА