И Егоров остана без борба за медал

И македонскиот борач Владимир Егоров ги заврши своите настапи на ЛОИ во Париз. Тој не обезбеди место во репесажот, а за такво нешто требаше неговиот противник, Индиецот Аман Шерават да се пласира во финалето. Но, откако тоа не се случи, јасно е дека и за Егоров нема борба за медал.

Сехрават загуби до јапонецот Хигучи со 10-0 во полуфиналето, па така и Егоров е веќе елиминиран од секаква можност да дојде до медал. Претходно место во репасажот не успеа да обезбеди ниту таеквондистката Милијана Релјиќ.

На ЛОИ во Париз остана уште настапот на Дарио Ивановски во маратон, кој е на програмата на 10 август.

Се вчитува...