Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски засекогаш ќе ја памети изминатата ноќ во Лигата на шампионите и неговата феноменална партија против Пик Сегед во дресот на Порто.
Митревски од 32 противнички шутеви имаше феноменални 15 одбрани, дополнети и со една асистенција за погодок издвојувајќи го, без сомнение, ракометар број еден во победата на Порто. Неговата партија не остана незабележана ниту од ЕХФ која сосема заслужено го издвои за играч на мечот.
„За неговиот извонреден перформанс, а да не зборуваме за одбраната за која зборува секој, Играч на мечот е никој друг туку само Никола Митревски“ – напишаа од ЕХФ во својата објава.
For his great performance in the #ehfcl #motw, not to mention the save everyone is talking about, the Player of the Match presented by @iqoniq is none other than Mitrevski ? pic.twitter.com/qZUnLMxRgQ
— EHF Champions League (@ehfcl) October 15, 2020
А, одбраната за која уште долго ќе се зборува, денеска е хит низ сите светски медиуми…
Sem palavras, Nikola Mitrevski ??#FCPorto #FCPortoAndebol #Andebol #FCPortoSports #EHFCL pic.twitter.com/2erFuJRvHi
— FC Porto (@FCPorto) October 15, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА