Есенскиот првак Силекс, денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната. Кратовци на својот стадион ги „запалија моторите“ а како што е познато, експедицијата заминува на подготовки во Анталија.
Официјално без ниту едно ново име и без ниту едно заминување, Силекс денеска под палката на Александар Васоски го одржа првиот тренинг во 2025 година, на кој беа присутни сите играчи.
Кратовци во Анталија ќе одиграат пет контролни натпревари, меѓу кои и со украинскиот гигант Шахтјор Доњецк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА