После вчерашниот висок пораз од Израел во олимписките претквалификации кои се играат во Талин, „скалпот“ на Македонија го зема и домашната селекција на Естонија. На крајот Естонците славеа триумф од 83-59, благодарение на импресивното прво полувреме, во кое се стекнаа со недостижна разлика, која избраниците на Александар Јончевски немаа ниту сила, ниту квалитет да ја стигнат.
Лошиот влез во натпреварот, и убедливо добиената прва четвртина, беше клушна за Естонците потоа лесно да го спроведат дуелот до победа. Естонија во првата четвртина имаше неверојатни 25-7, а на полувреме заминаа со предност од дури 22 поени разлика.
Третата четвртина дали поради опуштеноста на Естонците, дали поради добрата игра, Македонија ја доби со 22-21, а во четвртата веќе немаше сили за никаква сензација, беше јасно се, и Естонија успеа и таа да ја добие со 18-15.
Нашата селекција немаше решение за Треиер кој постигна 14 поени, додека по 12 дадоа Дрел и Раиесте. Во нашата селекција Војдан Стојановски исто така со 12 беше најефикасен.
Македонија во последното коло игра против Чешка, која загуби денеска од Израел, и Израелците веќе се во прелиминарната рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА