И вториот тим на Еурофарм Пелистер ги стартуваше подготовките за новата сезона во која овој клуб ќе го има и дебитантскиот настап во Европа, во квалфикациите за пласман во Лигата на Евроап.
Со уште помлад состав од минатата сезона Еурофарм Пелистер 2 почнува трета сезона со Александар Јовиќ на клупата. Единствен странец во тимот сезонава ќе биде младиот црногорски голман Василије Пичурица, кој дојде од Струга. Подготовките ќе минат во две фази, во Битола и Маврово, а првиот официјален натпревар е за пет недели против Алпла Хард во Австрија во 1. коло од Лигата на Европа.
Повикани ракометари за подготвителниот период:
Голмани:
Мартин Јовановски
Василије Пичурица
Леви крила:
Иван Димитровски
Петар Атанасијевиќ
Андреј Марковски
Леви бекови:
Кристијан Митревски
Христијан Ристевски
Средни бекови:
Мартин Ивановски
Стефан Талевски
Филип Гуцевски
Мартин Табакоски
Десни бекови:
Андре Буторац
Симон Мирчевски
Десни крила:
Ненад Белистојаноски
Никола Стоилевски
Димитриј Блажевски
Кружни напаѓачи:
Филип Арсеновски
Васко Мартиновски
Трајче Мицевски
Антонио Николовски
Стручен штаб:
Тренер: Александар Јовиќ
Асистент тренер: Александар Зарков
Тренер на голмани: Зоран Атанасовски
Кондиционен тренер: Васко Димитровски
Физиотерапевт: Петар Мицевски
План на подготовки за јули и август:
20 јули – старт на подготовки во Битола
Контролен натпревар: Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
13-21 август – централна фаза на подготовки во Маврово (три контролни натпревари против Охрид и Вучитрн од Косово)
27/28 август – ЕХФ Лига Европа (прво квалификационо коло)
Алпла Хард – Еурофарм Пелистер 2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА