И Евролигата се огласи по скандалот во Грција изречувајќи доживотна забрана за присуство на натпревари за навивачот на Олимпијакос кој на расна основа го навредуваше судијата Џозеф Бисанг.
Претходно и Олмијакос му ја укина сезонската карта, а донесе забрана за присуство на натпреварите на клубот во иднина.
„Евролигата, Олимпијакос и сите клубови силно сме посветени на славење на различностите, промовирање на почитта, користејќи ја кошарката да ги обедини навивачите“ – соопшти Евролигата.
Како што е познато, судијата Бисанга на 26 секунди пред крајот на мечот прекина дуел и на сакаше да продолжи се додека навивачот кој го навредуваше не ја напушти салата. Олимпијакос на крај го загуби мечот.
„Е.и се црн мајмуне“ – му довикуваше навивачот на Олимпијакос на францускиот судија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА