И Фелаини позитивен на коронавирус: Прв фудбалер заразен во кинеската Суперлига

Белгиецот Маруан Фелаини е првиот фудбалер од кинеската Суперлига кој е позитивен на коронавирус. Белгиецот се заразил во провинцијата Јинан.

Поранешниот фудбалер на Евертон и Манчестер јунајтед, кој во моментов игра за Шандонг луненг, во провинцијата Јинан стигнал на 20. март кога е и тестиран. Два дена подоцна се покажа дека 32-годишниот фудбалер од средниот ред е позитивен на Ковид-19, што значи дека по овој случај фудбалот во Кина ќе почека.

Фелаини  е прв фудбалер во кинеската Суперлига заразен од коронавирусот. Во Кина пристигна минатата година, а во првата сезона за клубот постигна дури 13 гола.

Се вчитува...